Автомобилите во иднина ќе добијат паметен волан, а „Мерцедес“ веќе претстави еден таков за својата нова Е-класа.
Паметниот управувач препознава дали возачот го држи цврсто, дозволувајќи му на електронскиот систем да утврди дали има контрола врз возилото.
Возачот не мора да го стартува воланот за да може компјутерот да препознае дали го контролира автомобилот, туку ја мери јачината на стисокот со рацете на воланот.
Мрежа на сензори под обвивката на воланот, која ја мери јачината на стискање со рацете, е поврзана со сензорите од предната и задната страна на автомобилот. Со комбинирање на нивните податоци, компјутерот препознава дали возачот го контролира автомобилот.
Ако системот утврди дека возачот нема контрола, т.е. не го држи воланот доволно цврсто, прво испраќа предупредување до рацете на возачот.
Ако дури и тогаш нема одговор, компјутерскиот систем во автомобилот ја презема контролата и го активира системот за итни случаи.