Јануари, по обичај, е терминот за детски филмови во „Киноутро“ во кинотеката. Веднаш по новогодишните и божиќните празници, најмладата публика ќе има убава можност да проследи десет наслови од поновата продукција на детски филмови.
Програмата „Киноутро“ во кинотеката е составена од детски играни и анимирани филмови, главно од европските продукции: Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција, но и од прочуената јапонска школа за анимација.
Почнувајќи од 8 јануари (среда), во 12 часот, на репертоарот е „Рафи“, игран филм од Германија, во режија на Аренд Агте. На програмата ќе бидат и филмовите: „Улица на надежта“ (анимиран филм, Романија) во режија на Александру Бузеа и Стефан Бузеа, „Центарот на мојот свет“, игран филм, Германија/Австрија во режија на Јакоб М. Ерва, „По стапките на мојот дедо“, игран филм, Италија, во режија на Марко Сегато, „Господинот Мол и фабриката за чоколадо“, игран филм, Германија, во режија на Мануел Флурин Хендри и др.