Актерот Даниел Редклиф (30) беше жртва на суров трик што се случи не во еден од неговите филмови „Хари Потер“, туку во реалниот живот.
На „Твитер“ се појави лажен пост што кружеше на интернет.
Во твитот пишува дека актерот бил заразен со коронавирус и станал првата славна личност за која тоа е јавно потврдено, пренесува „Хафпост“.
Портпаролот на Даниел изјави за „Њујорк пост“ дека тоа не е точно и дека актерот е целосно здрав.
Репортерот на „Њујорк тајмс“ кој го сподели овој твит подоцна се извини за ширење лажни информации.
The "Harry Potter" star became "the first famous person to be publicly confirmed," according to a bogus Twitter account. https://t.co/vPM7dI5AXs
— HuffPost (@HuffPost) March 11, 2020
„Твитер“ го суспендираше првиот профил што ја прошири лажната вест заради манипулирање со луѓето, а групата која стои зад оваа лажна вест објасни зошто го направиле тоа.
– Интересно беше да се манипулира со мозоците на луѓето, затоа што интернетот очигледно го намалува коефициентот на интелигенција на луѓето – објаснија луѓето кои ја ширеа лажната вест.