Во шок сме. Не можеме да веруваме дека останавме без денар поддршка од Министерството за култура за јубилејното 45 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Ова меѓу другото го посочи на денешната прес-конференција во Прилеп Златко Лашкоски, секретар на Фестивалот „Пеце Атанасоски“.

-На фестивалот се негува изворната музика, не само македонската, туку и на сите заедници кои живеат во Македонија – албанската, ромската, труската, бошњачката… И сега кога оваа година треба да одбележуваме јубилеј и очекувавме државата да ни даде максимална поддршка, фестивалот никаде го нема. Нула денари за фестивалот. Никаде не нема на списокот. Жално е ова што се случува во најреномираниот фестивал на кој се негува изворниот фолклор и традиција – посочи Лашкоски.

Надлежните од фестивалскиот одбор најавуваат дека ако Министерството за култура не се премисли и не им додели финансиски средства тие фестивалот „Пеце Атанасоски“ ќе го одржат пред објектот на Министерството.

Ка.М.