Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ оваа година, поради коронавирусот, првпат ќе се одржи на отворено пред МНТ, на 19 и 20 септември.
Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен.
– Како и секаде, така и во овој случај, ќе се врши мерење на температурата пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциски средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита – велат организаторите.
На фестивалот ќе има гости од Србија – „Алис ин вондербанд“ со претставата „Кис“, од Бугарија Филип Дончев со претставата „Лакомиот“, а за крај буто-перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.