Веб-страницата „Политико“ контактира десетици уметници низ светот и ги повика да го насликаат она што го гледаат и чувствуваат во услови на пандемијата. Марија Кофман (Кони Ајленд, Њујорк) забележува дека во нормални услови, Кони Ајленд е социјално и преполно подрачје во сите периоди од годината, но сега е град на духови.
– Постарите лица често вежбаат и се дружат, но, за среќа, сите остануваат дома бидејќи таа демографска група е најподложна. Самоизолирањето е потешко отколку што изгледа! – вели таа.
Александра Станглевиц (Варшава) се насликала себеси.

– Ова сум јас, цртам и барам нови ангажмани, седам на каучот со моето куче Фрајда и се прашувам што се случува во светот. Сè уште не можам да верувам дека сево ова се случува – објаснува таа
Џеки Ферентино (Бруклин, Њујорк) открива дека се чувствува нереално.
– Исклучен од пријателите, семејството и од надворешниот свет, се чувствувам како да сум никаде, иако сум во мојот стан и гледам низ прозорецот – вели Ферентино.
Николас Арнарез (Памплона, Шпанија) вели дека тоа што сите се затворени дома создава чувство на заедница.

– Соседите разговараат од нивните балкони, од безбедно растојание. Претходно, тоа ќе беше незамисливо. Ние создадовме група за разговор за луѓето од блокот, така што ако некому му треба нешто, некој може да помогне. Тоа го покажува најдоброто кај луѓето – заклучува Арнарес.
Симон Норона (Бруклин, Њујорк) се чувствува напнато и исплашено.
– Сè што можам да направам е да останам дома, да ги следам вестите, да им се јавам на пријателите и семејството. Мене ми е добро, но како сте вие? – прашува таа.
Ен Киернан (Берлин) вели дека берлинци веќе некое време се подготвени за физичко дистанцирање и самоизолација.

– Угнетувањето е во нивната мускулна меморија, а опстанокот и заедницата повторно се појавуваат под поголема закана од вирусот. Во обични услови, ова е неверојатно намуртено и затворено општество, но одеднаш се појавуваат насмевки и разговори на улиците меѓу целосни странци, на далечина. Единствено место каде што сево ова се распаѓа се чини дека е во редиците во супермаркетите, каде што личниот простор се гледа како покана за оние што не почитуваат ред. Значи, двометарскиот простор помеѓу вас и следната личност е нешто што мора да се научи и почитува. Ја направив оваа илустрација за да ја раскажам приказната за „хамстеркауф“ (панично купување) и борбата да останеме да дистанца во редиците – зборува за своето дело Киернан.
Кајл Приор (Јоркшир, Англија) открива дека иако работи од дома уште од почетокот на годината, во изминатите неколку недели се чувствува многу поинаку. Клаас Верпланке (Бриж, Белгија), пак, вели дека неговата работа често има високо ниво на „невозможност“, можност само на хартија.

– Сега надреализмот во мојата фантазија е исто толку реален колку и реалноста. Чудно е чувството, затоа што во нормални околности имагинацијата е секогаш еден чекор пред реалноста. Сега се чини како да не можам да продолжам со таа реалност, а камоли да ја надминам – вели уметникот.
Ерик Диоте (Токио, Јапонија) вели дека „ханами“ (уживање во цветањето на црешите) е една од најиконските и најдолготрајни пролетни традиции во Јапонија.
– Кога дрвјата почнуваат да цветаат, сè повеќе од овие собири се откажуваат; се прославува во изолација – открива Диоте.
Џон Стич (Оукланд, Калифорнија) истакнува дека иако во Заливот е одлично, јукстапозицијата на богатството и сиромаштијата стануваат сѐ појасни.


– Ова не е сцена што ја видов, но ако се земе предвид како сè се претвори во хаос овде, не е тешко да се замисли човек што претходно имал работа, пари и дом, сега да бара шатор за кампување – објаснува Стич.
Кјунг Чјун (Њујорк) е имигрантка од Јужна Кореја, која живее и работи во САД.
– Најголемиот дел од моето семејство се наоѓа во Сеул, еден од најпогодените градови надвор од Кина. Јас сум во контакт со моето семејство и тие пренесуваат некои застрашувачки приказни: стојат во линија за маски обезбедени од Владата на ладно време; локалните пазари остануваат без ориз. Мојот 91-годишен дедо, кој е длабоко вљубен во баба ми, не ја видел уште од јануари затоа што објектот каде што живее таа забрани посетители. Веќе илјадници милји разделени, кризата го прави растојанието помеѓу мене и моето семејство огромно. Повеќе се грижам за здравјето на моето семејство отколку што сум загрижен за моето, но претпоставувам дека е нормално. На овој цртеж, сакав да го покажам растојанието, физичко и емотивно, меѓу нас – вели таа.

Дејвид Овенс (Освего, Њујорк) живее во северен Њујорк.
– Тоа е прекрасна област и едвај чекав неколку состаноци со ветувачки клиенти оваа пролет. Сите тие состаноци сега се откажани. Во оваа сцена стојам во еден познат дел од центарот на Сиракуза со моето портфолио во рака, но нема ниту еден човек на видик. Иако не е баш апокалиптично, се потпира на непознатото, особено за оние што зависат од хонорарна работа – вели Овенс.
Сандра Грбиќ (Србија) го создала своето дело како начин да ја изрази вознемирената состојба на умот во која се наоѓа овие денови, со надоаѓањето на лошите вести.