За младите љубители на театарот утревечер со почеток во 19.30 часот на градскиот
плоштад во Кавадарци за првпат ќе се случува уличен театарски перформанс под наслов „Ноќ во музејот“ во изведба на театарот при домот на културата „Иван Мазов Климе“. Овој уличен театар со „живи“ склулптури е во режија на Микица Илова а за прекрасните автентични костими се погрижи Сара Милевска. Зад овој несекојдневен уличен театарски перформанс стојат членовите аматери актери кои доаѓаат од средните училишта во Кавадарци.
Утревечер на градскиот плоштад во улогата на каубоецот Док Холидеј че го гледаат Стојанче вангелов,, Ангел Милков ќе биде Лименко од „Волшебникот од ОЗ“, Смиља Бошкова ќе биде Добрата вила, Сашко Орешков ќе биде Лумијер, Валерија Пашова – снежната кралица, а лошата вештерка ќе ја толкува Микица Илова, која се јавува и во улогата на режисер. Како посетители на музејот на отворено на градскиот плоштад во Кавадарци публиката ќе може да ги види одличните комичари Диме Боцев и Деме Коцевски со сите неверојатни доживувања кои ќе им се случат во музејот.
Овој несекојдневен културен настан ќе има и хумана улога бидејќи за време на перформансот ќе бидат поставени кутии за донација како помош за Христијан Јованов од Кавадарци. Членовите на актерск ата екипа од „Ноќ во музејот“ порачуваат да бидете хумани и да му помогнеме на Христијан да се соберат средства за неговата операција која му е неопходна.
Перформансот ќе се одвива според протоколите за работа во време на ковид-19 за сите посетители, носење заштитна маска, дезинфекција на рацете, дозволено растојание и ограничен број на посетители. Ми.М.