1.001 објект што мора да ги видите
Архитект: Ерно Голдфингер (1902-1987)
Стил: бруталистички
Локација: Лондон, Англија
Материјал: бетон
Истовремено омилена и критикувана, кулата Трелик на имотот Челтенхем во Кенсал Грин, Лондон, е изградена во 1972 година, а нарачана од големиот Лондонски совет и е дизајнирана во бруталистички стил од архитектот Ерно Голдфингер. Било планирано кулата да ги замени застарените социјални сместувања.
Била дизајнирана како продолжение на претходната кула на Голдфингер, Балфрон во Источен Лондон. Тоа бил последниот голем проект на кој работел архитектот и имал различни дизајни за заштеда на простор, заедно со посебна кула за пристап што содржела просторија за хортикултурно уредување.
До нејзиното завршување, кулата стана магнет за криминалците, вандалите, за злоупотреба на дрога и проституција. Но нејзината судбина постепено се подобрила во 1980-тите години по формирањето здружение на граѓани што ќе се грижи за објектот. Воведени се безбедносни мерки и вработен е чувар, што доведува до пониско ниво на криминал. До 1990-тите, кулата станува посакувано место за живеење и се состои од социјални станови.
Како локално обележје на Лондон таа ја задржува својата карактеристична бетонска фасада. По пожарот што избувна во 2017 година, бетонската конструкција е делумно оштетена. Кулата Трелик неколкупати се појавила и на филм и телевизија. Претставува чист пример на бруталистичката архитектура, па многумина ја сметаат за грда, а се смета и за еден од најнепопуларните проекти на Голдфингер. Се издигнува на 31 кат, со микс од апартмани за живеење и двособни станови, а фасадата е геометриска.
Во 1998 година оваа „грда“ градба добива статус од втор степен на историски значаен објект како претставник на иконичната бруталистичка архитектура.