Писателот Томислам Османли е добитник на Рациновото признание за 2020 година, соопшти градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби”.
Оваа година, жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година во состав академик Катица Ќулавкова, претседател и членовите Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ – Стојковска одлучи да му припадне на писателот Томислав Османли за книгата расказаи „Парадоксион” во издание на „ВиГ Зеница” од Скопје.
Додека пак, Организацискиот одбор во состав Аце Коцевски, претседател и членовите проф. Кристина Николовска, проф. Људмил Спасов. Проф. Гоце Ристовски и проф. Стефани Андреевска донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Република Северна Македонија да се додели на проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.
57. по ред Рацинови средби ќе се одржат на 25 и 26 септември, на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес кога ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на овогодинешните добитници.
Сите настани кои се дел од 57. Рацинови средби ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од ширење на ковид-19.