Изложба на скулптури на двајцата вајари и ривали, Италијанецот Антонио Канова и Данецот Бертел Торвалдесен од 18 век, е отворена во Италијанската галерија на плоштадот „Скала“ во Милано, палата во седиштето на банка што е претворена во изложбен простор. Никогаш досега не се соочиле делата на овие двајца уметници, татковци на неокласицизмот и современици, чии митолошки ликови може да се видат до 15 март. Изложени се над 160 дела, кои за изложбата пристигнаа од целиот свет: Копенхаген, Санкт Петербург, Фиренца, Мадрид, Њујорк, Рим…, како и од приватни колекции.
И двајцата предизвикувајќи се меѓусебно вајале исти ликови од класичната митологија, Амор и Психа или Венера, а на влезот на галеријата посетителите ги пречекуваат нивните две скулптури „Три грации“, кои ги сликале Рафаело, Ботичели и Рубенс, а Канова и Торвалдсен ги извајале во мермер. Делата и на двајцата уметници биле многу фалени во нивното време, а нивните дела сакале да ги имаат папата, Наполеон, англиските кралеви и руските цареви. Митологијата ја претвориле во вајарско ремек-дело.