Во градската библиотека во Кичево, денес, целокупниот книжевен опус го промовира Весна Шереметкоска, писателка и поетеса од Прилеп,член на Клубот на литературни творци од овој град од 2012 година. Шереметкоска во 2011 година го издава романот првенец „Стариот со кавалот“ , охрабрена од позитивните критики за овој роман, таа три години подоцна го издаде и вториот роман со слична тематика „Жртва на љубовта“.
Минатата година оваа плодна авторка ја издаде и првата стихозбирка „Под превезот на душата“ за што ја освои втората награда на Книжевен Светилник. Шереметкоска во подготовка го има и својот трет роман.
– Иако релативно кратко време сум во групата автори на книжевни дела, сепак, многубројните освоени награди најдобро зборуваат дека сум на вистинскиот пат, бидејќи само во последниве две-три години освоив грст награди и признанија, од Поетска Гала во 2017, прва награда за расказ, трета награда за песна Гордана Коцева 2018 и многу други. Најавувам дека и понатаму ќе продолжам да создавам нови и нови книжевни дела, кои очекувам да ми донесат и нови награди и признанија – истакна плодната прилепска поетеса и прозаистка. З.А.