Книгата „Спомените на татко ми Ивче“ од Аница Коловска за која ќе говорат историчарите Петре Камчевски и Ѓорѓи Чакрајановски ќе биде промовирана утре со почеток во 12 часот в Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
„Спомените на татко ми Ивче“ е во издание на Музеј-галерија Кавадарци а во неа е опишан животниот пат на Тодор Гечевски – Ивче . Во 60 поднаслови на 240 страници и речиси исто толку фотографии што ја сврстуваа во фотомонографии, раскажан е огромниот придонес што Тодор Гечевски го има направено за својот роден град Кавадарци. Книгата преставува добар прилог во расветлувањето на многу настани и случувања од поблиското историско минато на Кавадарци.
– Тодор Гечевски Ивче е учесник во НОБ и носител на партизанска споменица о1941 година. За време на својот работен век извршува значајни и одговрни функции и тоа: претседател на Тиквешката околија , директор на Водостопанство „Тиквеш“, Агрокомбинатот „Тиквеш“ и долги години претседател на Сојузот на здружението на борците на Кавадарци. Ивче е главен иницијатор за изградба на хидросистемот Бошавица, изградбата на Тиквешко Езеро и хидромелиоративниот систем со кој се
овозможува наводнување на повеќе од 20000 хектари земјоделско земјиште. Гечевски е иницијатор и главен организатор на симпозиумот „Тиквешијата во НОБ 1941-45“ како претседател на секретаријатот на Организациониот одбор од кој произлегоа над 3.000 страници во осум книги меморијален и авторизиран материјал што претставува најголемо богтство од тој период за Тиквешија. Ивче е еден од најскромните и најчесните граѓани на Кавадарци што може да го потврди секој што го познавал – вели историчарот Петре Камчевски, еден еден од промоторите на книгата.
Добитник е на голем број награди и признанија меѓу кои: Орден за храброст на
република Македонија, Орден за заслуги на народ од 3 ред, Орден за братство и единство од втор ред, Орден за труд со златен венец и Орден на Република Македонија со златен венец. Ми.М.