Промоција на книгата „Клуч во клучалката на детството“ од Весна Мојсова- Чепишевска, во издание на „Матица македонска“, ќе се одржи вечерва во 19.19 часот во „Салонот 19:19“ на КИЦ. Ова е нејзина седма книга, која го има нејзиниот препознатлив авторски глас, богат, близок и срдечен кон читателите, точен и прецизен во податоците и означува нов датум во толкувањето на литературата за деца. Книгата ќе ја промовираат Кристина Николовска и авторката, а извадоци од книгата ќе чита Предраг Павловски.
Весна Мојсова-Чепишевска од 2002 г. до денес работи и како лектор по македонска литература и јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Авторка е на околу 330 објавени трудови во домашни и во странски книжевни списанија, како и на 6 книги. Таа е и приредувачка на 7 антологии, од кои 5 надвор од Македонија и нејзината прва белетристичка книга во коавторство со Елена Атанасиу.