Свечената промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ ќе се одржи во Македонската опера и балет (МОБ) во Скопје, во вторник во 20 часот.
Автор, сценарист, режисер и продуцент на филмот е Соња Ризовска Јовановска. Улогата на Алеф е во изведба на актерот Игор Џамбазов.
Посебен белег на вечерта се настаните кои го отсликуваат патот до Алеф. Во склоп на промоцијата ќе се одржи концерт на Абаз Јахја со изведба на Бендир Неј и Ајдин Јахја со изведба на Неј, ликовна изложба „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане осмиот пат“ на сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин, како и изложба на фотографии „Од пепелта до вистината со Алеф“.
Промотор на настанот е Татјана Алексиќ.