Синоќа во хотелот „Епинал“ во Битола пред членовите на Ротарки клубот Битола беше промовирана фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и книгата „Колумни“ од Ѓорѓи Марјановиќ.
За програмата и мисијата на фонацијата и содржината и целта на книгата зборуваше Александар Марјановиќ, директор на фондацијата.
Според неговите зборови Фондацијата ќе се грижи за зачувување на творештвото на  Ѓорѓи Марјановиќ, како и остварување на неговиот сон „Македонија да ја направиме пристојно место за живееење“.
Во следниот период, оваа фондација ќе формира школа за идни лидери, која ќе биде непрофитна, наменета за деца и младинци со програма која ќе опфаќа ораторство, дебатирање, морални вредности и бонтон. Планирана е и реализација на програма за книги и читање, за да се развијат комуникациските вештини кај децата и ќе организираат годишно натпреварување по раскажување и читање.
Книгата „Колумни“ e објавена во три тома, на над 1.000 страници, содржи 329 колумни кои Ѓорѓи Марјановиќ ги пишуваше за Дневник, од 1998 до 2006 год.
Таа не се продава на „традиционален“ начин туку се обезбедува со донирање износ по сопствен избор.
Сите приходи ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители, невработени и останати ранливи категории.

М.М.