Фото: Дарко Андоновски
Во клубот „Менада“ во Скопје, вчеравечер беше промовиран деветтиот по ред албум на еден од водечките бендови на современата македонска џез музика „Сетстат“.

Речиси 30 години 
постоење и работа во континуитет на оваа група, зборуваат за импозантно искуство, кое е втакено во совршената џез ДНК на овој албум. Насловен нумерички мистично „9IX”, ова е несомнено најзрелиот, најкомплетен и секако досега најдобар албум на „Сетстат“.
 
Дело со совршен баланс помеѓу елементите, кое се преслушува во една долга содржајна голтка. Од фуриозни панк-фанк бркотници, преку грациозни емоционални мигови и длабоко екпериментални импровизации, сè до музички беспрекорна убавина.
 
Совршен аудио продукт за модериот слушател со повисоки естетски стандарди.
Албумот го издава скопската дискографска куќа ПМГЏез. Дизајнот на обвивката на цд-то го изработи Натали Николовска. Во рамките на промоцијата беше претставен видео спотот за композицијата Балтазар, изработен од господинот Александрос Стаматиу, долгогодишен соработник и пријател на бендот.