Вечера со Џорџа О’Кифи
Во американското сликарство на минатиот век, интересна е една појава што успеа да им одолее на сите предизвици на светските случувања. Џорџија О’Кифи (1887-1986 г.) се смета за една од најголемите американски уметници на 20 век. Водена од својата женска интуиција, успеа да изгради живот и дело во совршен склад со екосистемот, негувајќи го органското. Таа е феноменален пример што ја потврдува тезата дека да се живее во креација и хармонија со природата е единствен вистински излез од духовната криза на современиот човек.
Најпозната е по радикалните прикази на цвеќиња и силни пејзажи од американскиот југозапад. Таа ќе му даде сосема ново значење и димензија на цвеќето. Со векови жените сликале цвеќе, ботаничката уметност била гледана како декоративна, женствена, минијатурна и незаканувачка, но кај нејзините цвеќиња нема ништо толку контролирано и здодевно. Ги инспирирала и поттикнала младите апстрактни уметници.
Пораснала на фарма во близината на Сан Прери, Висконсин. Уште додека била средношколка во 1905 година, таа решила да се пробие како уметник. Студирала на Институтот за уметност во Чикаго и Лигата на студенти по уметност во Њујорк, каде што ги научила техниките на традиционалното сликарство. Додека студирала во Чикаго, О’Кифи изјавила: „Открив дека можам да ги кажувам нештата со боја и форми, дека не можам да ги кажам на друг начин“. За време на првиот петмесечен престој во Њу Мексико, насликала 23 дела. Оваа преселба била тектонско поместување за уметноста на О’Кифи и историјата на американскиот модернизам воопшто. Луѓето на уметноста на О’Кифи реагираат со фасцинираност, не само од едноставната убавина на нејзините дела туку и поради самиот факт дека Џорџија О’Кифи го живеела животот што го сака.
Сакала да готви свежа, здрава и едноставна храна, а објавена е и книга со нејзини рецепти.