Во Кинотеката вечер од 19 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „Театарот во Скупи“ во режија на Владимир Блажевски.
 
Како што соопшти Агенцијата за филм, „Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар – објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење.
 
-Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает, наведува Агенцијата за филм.