Вечерва, од 19.30 часот, Мириам Гросман ќе одржи онлајн предавање на темата „Вистината за родот“ (дел 1 и дел 2), во организација на здружението за заштита на човековите права „Од нас за нас“ Скопје и граѓанската иницијатива „Преземи одговорност“.
Гросман дипломирала медицина на Универзитетот во Њујорк. Остварила стаж од областа на педијатријата во болницата „Бет Израел“ во Њујорк и завршила специјализантско стажирање по психијатрија. Активно пристапува кон систематско изучување на сеопфатното сексуалното образование (ССО), како започнало и што претставува тоа денес.
– Предавањето има цел подобро разбирање на родовите концепти, особено по презентирањето на новата Концепција за образованието од страна на МОН – велат организаторите.