Во рамките на годинашното четврто издание на „Крик“, фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“, вечерва, во 19 часот, предавање на тема „Едноставно, да се биде човек што не прави ништо: за прашањето на психомоќта“, ќе одржи филозофот Стефан Новотни. Предавањето ќе се одржи во „Чифте-амам“.
Во своето предавање Новотни го допира прашањето што денес не може повеќе да биде ограничено на предодредените центри на моќ: прашањето што се однесува на микрологичните операции на моќта на субјективноста или, пак, на прашањето како „физичкото“ денес е претворено во главно место на општествена и политичка борба.
Стефан Новотни е филозоф, кој живее и работи во Лондон. Предава на катедрата за визуелни култури и е член на Центарот за филозофија и критичка мисла на универзитетот „Голдсмитс“ во Лондон.