Инспирирани од дигиталната ера и глобалната еколошка криза, тимот на Книготека.мк одлучи да го олесни секојдневието на македонските библиофили.
Книготека.мк е дигитална апликација што им овозможува на своите корисници да купуваат електронски книги објавени од македонски издавачи и истите да ги читаат онлајн и офлајн на своите уреди.
Сите корисници имаат своја лесно пренослива дигитална библиотека каде можат да ги чуваат своите книги, да ги оценуваат, коментираат и споделуваат на социјалните мрежи.
Сите корисници имаат своја лесно пренослива дигитална библиотека каде можат да ги чуваат своите книги, да ги оценуваат, коментираат и споделуваат на социјалните мрежи.
– Го создадовме првиот агрегатор за електронски книги со цел да ги направиме книгите подостапни до читателите и да им овозможиме да читаат во кое било време, каде и да се наоѓаат во светот. Изреката so many books, so little time повеќе не е изговор да не им се посветиме на книгите во овој брз и динамичен свет на живеење. Литературата е неопходна бидејќи нè прави попаметни и поотворени личности, а со Книготека го правиме читањето подостапно и поудобно од кога био – вели Марија Ичокаева.
Денес Книготека располага со околу 300 книги напишани од странски и домашни автори. Апликацијата е бесплатна и е поддржана од сите мобилни уреди и таблет-уреди на двата главни оперативни системи iOS и Android.