После неколкуте филмски проекти кои се реализираа во отежнати услови со следење на ковид -19 протоколите за снимање филмови, неделава почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” во сценарио и режија на Марија Апчевска, а во продукција на Кино Око.
Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ, Горан Тодориќ (Сервиа Филм).
Снимањето ќе се одвива на локации во Скопје и Македонска Каменица до 31.01.2021 година.