Mеѓународниот конкурс за поезија „Антево слово“, распишан по третпат од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ги прогласи годишниве добитници.
Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело Ла Векија, односно: академик Катица Ќулавкова, Геро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги наградат, а со тоа и застапат во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ следниве автори:
Прва награда за Драгана Евтимова за нејзината песна „Белег“/ A birthmark / Voglia, втора награда за Сузана Мицева со песната „Тефтер“ / Notebook и Давиде Роко Колокраи (Davide Rocco Colacrai) за песната „Ќе бидам моето убаво сонување“ / Sarò la mia bella addormentata, а трета награда за Игор Крајчев и песната „Победа“/ Victory. Специјални наградени ќе бидат доделени на: Марина Икономова-Шокева („Стојам и гледам“ / I am standing and staring), Дина Кампања (Dina Campagna) за песната „Свилени навои“ / Silk threads и Зоран Костески за „Ќе те сместам во стиховите“ / I’ll put you in the verses.