Tри­на­е­се­ти­на ки­ло­ме­три од Ка­ва­дар­ци, на пар­це­ла со на­сад од ла­ван­да на ви­со­рам­нина­та Ви­та­че­во, на 714 ме­три надморска височина ми­на­ти­от ви­кенд се одр­жа пр­ви­от ру­ра­лен по­ет­ски слем со ре­ви­ја­лен ка­ра­ктер, а не­го­ви­те идеј­ни твор­ци и во­лон­тер­ски ор­га­ни­за­то­ри се: „Би­о­ви­та“, здру­же­ни­е­то на гра­ѓа­ни „Те­а­тар­ска ра­бо­тил­ни­ца“ од При­леп, здру­же­ни­е­то за ал­тер­на­тив­на кул­ту­ра „Ал­тер цен­тар“ од Ка­ва­дар­ци и до­мот на кул­ту­ра­та „Иван Ма­зов Кли­ме“ од Ка­ва­дар­ци по ини­ци­ја­ти­ва од По­ет­ски­от слем – Ма­ке­до­ни­ја.

Љу­би­те­ли­те на по­е­зи­ја­та и при­род­ни­те уба­ви­ни имаа мож­ност да при­сус­тву­ва­ат на еден не­се­којд­не­вен кул­ту­рен на­стан во кој си­те при­сут­ни имаа мож­ност ба­рем на мо­мент да се дру­жат со сти­хо­ви­те и да про­чи­та­ат по­е­зи­ја.

– Ве­ру­вам де­ка овој ру­ра­лен по­ет­ски слем ќе ста­не ед­но дви­же­ње што ќе си го нај­де сво­е­то ме­сто во си­те го­диш­ни вре­ми­ња на ор­ган­ски фар­ми низ Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли по­е­те­са­та и сле­мер­ка Цве­тан­ка Ко­ле­ва.

Игор Трп­чев­ски, актер, по­ет и еден од вте­ме­лу­ва­чи­те на По­ет­ски­от слем – Ма­ке­до­ни­ја ве­ли де­ка е сре­ќен што По­ет­ски­от слем – Ма­ке­до­ни­ја из­ле­гу­ва на воз­дух, на по­ли­ња­та со ла­ван­да на Ви­та­че­во.

– Со овој на­стан про­дол­жу­ва­ме да ја ис­пи­шу­ва­ме кни­га­та со исто­ри­ја на слемпо­е­зи­ја­та во зем­ја­ва – из­ја­ви Трп­чев­ски.

Пр­ви­от ру­ра­лен по­ет­ски слем тра­е­ше два де­на, сле­ме­ри­те и љу­би­те­ли­те на по­е­зи­ја­та и при­ро­да­та во за­вис­ност од мож­но­сти­те са­ми го од­би­раа де­нот ко­га ќе го по­се­тат по­ле­то со ла­ван­да и ќе ужи­ва­ат во за­ед­нич­ко­то дру­же­ње при­дру­же­но со пре­крас­на ор­ган­ска хра­на при­го­тве­на на до­ма­шен на­чин во при­ро­да и пре­крас­ни­те ви­на од ти­кве­шки­те ви­нар­ни­ци. Пуб­ли­ка­та дој­де са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но без по­себ­ни по­ка­ни, освен об­ја­ва­та за на­ста­нот и си­те беа за­до­вол­ни од пре­крас­на­та ат­мо­сфе­ра, при­ро­да­та ка­ко сце­но­гра­фи­ја, пес­ни­те на пти­ци­те и пре­крас­ни­от на­сад од ла­ван­да, кој фр­ли по­себ­на ма­ги­ја на це­ло­то слу­чу­ва­ње.

Ми.М.