Шеснаесеттото издание на меѓународната изложба на фотографска уметност „Фотомедиа“ ќе биде отворена вечерва во Националната галерија на Македонија – „Чифте-амам“ со почеток во 20 часот. Добитник на престижното гран при за оваа година е познатиот фотограф од САД, Ален Ликар.
На конкурсот пристигнале повеќе од 800 фотографии, од кои меѓународното жири во состав: Антон Савов (Бугарија), Станко Абаџиќ (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија) селектирало 163 фотографии, кои ќе бидат изложени до 15 ноември.