„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Доктор Глас“ од шведскиот писател Јалмар Седерберг, во превод од шведски јазик на Ивица Челиковиќ. Во ова ремек-дело на шведскиот класик Седерберг главниот лик е 30-годишен доктор, кој се вљубува во млада и убава пациентка, омажена за стар корумпиран свештеник, кој постојано ја присилувал на сè помалку подносливи „брачни должности“.
Кога првпат бил објавен (1905), романот предизвикал скандал поради храбриот опис на брачно малтретирање и силување, но и поради контроверзните оправдувања на абортусот, еутаназијата и убиството. Малку романи поттикнале толкаво гнасење како „Доктор Глас“ на Јалмар Седерберг. Дури толку доцна во 1980-тите години, пишува шведскиот академик Керстин Екман, бил нарекуван застојана книга во една литературна програма на културното радио. Младите медицинари што во наше време, забележува Екман, го имале како споредно четиво во своите студии сведочеле за својата неволност кон приказната за лекарот што извршил убиство врз пациент. Кога романот бил објавен во 1905 година, избувнала жестока полемика.
Јалмар Седерберг (1869-1941) се смета за еден од најдобрите шведски прозни стилисти на својата епоха, мајстор на малата прозна форма. Романот „Доктор Глас“, покрај „Сериозната игра“ (1912), е негово најценето дело. Освен романи, пишувал и песни, новели, козерии и драмски текстови.