Недела на современ полски филм почнува вечерва во Кинотека на Македонија со проекција на филмот „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович.
До 9 мај ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови, а посетителите ќе можат да погледнат уште пет филмови. На програмата се филмовите: „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас, „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, „Нож во вода“ на Роман Полански.
Последните два дена од Неделата на полски филмови се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски. Во вторник посетителите ќе можат да го погледнат „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“. И двата филма се реализирани во 1988 година.
Програмата се реализира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје.