Балетската претстава „Либертанго“ на Астор Пјацола, која е одлично прифатена од публиката, ќе биде дел од овогодинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ на 18 јули во Долни Сарај, со почеток во 22 часот.
Приказна за создавањето на патот на тангото, уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето.
Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисер е Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Кичевска Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, солисти и балетскиот ансамбл на НОБ.