Уличниот уметник Нафир е самоук уметник, роден во Техеран, чии дела се под влијание на традиционалната иранска уметност и култура. Тој самиот се дефинира себеси како уличен уметник, вандал и независен, кој се обидува преку својата уметност да ги натера луѓето да размислуваат за социјалните проблеми конкретно на неговата земја, но и за целиот свет.
Нафир започна да остава свои траги на полните ѕидови на Техеран уште во 2008 година и, наедно, се бори со цензурата и политичките проблеми, а неговите дела може да се најдат низ целиот свет, вклучувајќи и во Малезија, Авганистан, Италија, Германија, Норвешка, Холандија, Турција, Индија и Грузија.
Во Иран, културата на уличната уметност е стара само неколку години. Првично, иранскиот уметник наоѓал инспирација во делата на Џеф Аересол, Блек ле Рат и Бенкси. Но по извесен период и долги разговори со неговиот татко, кој е експерт за традиционални теписи и работи на тоа поле, тој почувствувал потреба да ги комбинира традиционалната таписерија, калиграфија и керамика со современата уметност и графитите. Овие уметнички форми, спротивно на она што луѓето мислат денес, не само што се украсни туку изразуваат многу прецизна филозофија.
Така, Нафир успева да развие уметничка форма што е во согласност со светот од каде што доаѓа.
Во своите последни дела, уметникот се одлучува да комбинира две нешта што се чини дека не би требало да бидат заедно: едното е прифатено, додека пак другото забрането.