На светски познатиот писател Милан Кундера му е вратено чешкото државјанство од неговата родна Чешка, 40 години по неговото одземање.
Чешкиот амбасадор во Франција Петр Друлак деновиве за чешката телевизија изјавил дека минатата недела му го врачил документот за државјанство на Кундера (90) во неговиот стан во Париз. Се смета дека враќањето на државјанството произлегло од минатогодишниот состанок на Кундера со чешкиот премиер Андреј Бабис во главниот град на Франција, каде што Кундера живее од 1975 година по напуштањето на поранешната комунистичка Чехословачка.
Во Франција тој ги објави меѓу другото и своите познати дела меѓу кои се и „Книга на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“. Неговите подоцнежни дела пишувани на француски јазик, како што пренесе американската агенцијата АП, не се преведувани на чешки јазик. Кундера, напоменува агенцијата, повремено ја посетувал Чешка, но секогаш тајно и никогаш не разговарал со новинарите.