На денеш ден во 1946 година беше роден Фреди Меркјури, британската рок-ѕвезда, најмногу познат како водечки вокал и тексописец на рок групата „Квин“. Компонираше многу хитови, вклучувајќи ги : „Боемска рапсодија“, „Килер Квин“ , „Самбади ту Лав“ , „Донт Стоп ми Нау“, „Крејзи Литл Тинг Колд Лав“ и „Ви ар д Чемпионс“ и др.
Во 2006 година, Тајм Азиа го именуваше како еден од највлијателните азиски херои во изминатите 60 години, а и понатаму добива најмногу гласови за најдобар пејач во историјата на популарната музика. Тој умре од бронхо – пневмонија предизвикана од Синдром на стекнат имунолошки дефицит (СИДА) на 24 ноември 1991 година, само еден ден откако јавно призна дека е заболен.