Од светското кино
Драмата „Мурина“ на Антонета Аламат Кусијановиќ ја имаше својата премиера во делот „Директорс фортнајт“ на Канскиот филмски фестивал. Извршен продуцент на филмот е Мартин Скорсезе, а главната улога ја игра Грација Филиповиќ, во улога на тинејџерката Јулија, која живее на оддалечен остров со својата мајка Нела (Даница Ќурчиќ) и татко си Анте (Леон Лучев).
Нејзиното тивко постоење го оживува доаѓањето на богатиот шармантен Хавиер (Клиф Кертис), стара љубов на нејзината мајка. Таа решава да го замени својот татко, кој сака во целост да ја контролира со неговиот богат странски пријател за време на викенд-патување на Јадранско Море.
Јулија ја привлекува Хавиер и не е јасно дали го гледа како татковска фигура или романтична перспектива, едно од неколкуте прашања што предизвикуваат напнатост во приказната.
Критичарите го оценуваат „Мурина“ како филм прекрасен за гледање, кој целосно ја користи својата локација покрај блескавото море, кое станува лик само по себе.
Јулија речиси секогаш е во костим за капење, без разлика дали е на брод, плива или се дружи дома. Изгледа како да припаѓа во водата: ретко ја прикажуваат со целосно сува коса. Ја гледаме како се нурнува во чести сцени што ги заматуваат границите помеѓу реалноста и фантазијата и има клучен момент кога ќе ги надмине стравовите и целосно подводно нурка со Хавиер. Таа буквално го презема својот чекор како млада жена да го пронајде својот идентитет и сака да го отфрли оној што е поврзан со нејзините родители. Ликот на Јулија е исполнет со незадоволство, страв и бунт, додека Анте е негативец – агресивен и патријархален. Нела е прозрачна како мајка што флертува со Хавиер, но е покорна со својот сопруг. Таа е производ на шовинистичко општество и дел од генерацијата што го прифаќа тоа, но Јулија одбива да ја направи истата грешка.
Кусијановиќ, исто така, се занимава со прашања поврзани со гентрификација.
Филмот е во копродукција на продукциски куќи од Хрватска, Бразил, Соединетите Американски Држави и Словенија.
Антонета Аламат Кусијановиќ освои „златна камера“ годинава на Канскиот филмски фестивал. На Фестивалот на словенечкиот филм, Антоанета ја доби наградата „словениан арт синема нетворк“. На меѓународниот филмски фестивал „Хемптонс“ ја доби наградата „голден старфиш“. Хелен Луварт беше номинирана за „златна камера 300“ на „Браќа Манаки“. Филмот влезе во номинација и на „Сараево филм-фестивал“ и други интернационални фестивали.