Македонскиот документарен филм „Медена земја“ ја доби наградата од публиката „Срцето на Сараево“ на завршениот 25-ти „Сараевски филмски фестивал“. Овој филм, кој со самото прикажување на отворањето на документарниот дел од програмата ги собра овациите од публиката, е дело на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм му припадна на азербејџанско-австрискиот филм „Кога растеа јапонски јаболка“ на режисерот Хилал Бајдаров и босанскиот „Премногу материјал“ на Сајра Субашиќ.
Годинешната награда „Срцето на Сараево“ за најдобар филм ја освои босанскиот филмот „Одведи ме на некое убаво место“ на Ена Сендијаревиќ, додека меѓу другите, наградата за режија му припадна на турскиот режисер Емин Алпер за филмот „Приказна за три сестри“.
Македонската продукција „Сестри и брат Митевски“ ја освои наградата на „Еуроимаж“ за развој, во висина од 20 илјади евра за новиот проект на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“.
Годинава првпат фестивалот се одржа под покровителство на УНЕСКО, а на него беа прикажани 270 филма од 56 земји.