Поетесата Марта Маркоска ќе учествува на меѓународниот „Прв фестивал на митологија и литература“, кој се одржува во Аланија, Турција, до 10 септември, по покана на организаторите од издавачката куќа „Артшоп“, кои во 2016 година ја преведоа нејзината книга „Црни дупки во нас“ на турски јазик.
Потоа таа ќе замине во Казахстан, каде што ќе учествува на „Меѓународниот конгрес на читањето“, кој се организира по повод прославувањето дваесет години од прогласувањето на Астана за главен град.