Македонскиот центар на ИТИ одбележува 70 години на меѓународната мрежа на ИТИ/УНЕСКО (1948-2018). Во соработка со фестивалот МОТ утре во 12 часот во Џебното кино во МКЦ ќе биде претставен меѓународниот проект „Интер Европа“ на кој гостинка од Русија е Јарослава Пулинович – драмска авторка, сценаристка и актерка.
Ќе биде промовирана електронската книга „Сирота мала богата драма“ (11 кратки драми од современи македонски автори), а ќе се одржи и драмска работилницата под менторство на Улрике Зиха, драмска авторка од Германија.