Во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ вечерва со почеток во 19.30 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци целовечерен концерт ќе одржи квартетот акустични гитари Квинс од Виница.

Овој квартет е дел од Школата за гитара при Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница. Во него членуваат Изабела Анастасова, Андреа Јованова, Елена Давитковска и Дијана Илиевска. Овие млади гитаристки негуваат поп, латино, соул музика и обработка на македонски фолклор.

Досега имаат реализирано настапи во Берово, Делчево, Куманово, Кочани и во Република Бугарија. Моментално работат на авторска песна и планираат и изработка на спот.

Ми.М.