Во Концертната сала на Универзитетот за уметност во Тирана, во рамките на второто издание на „Балканскиот фестивал на современа музика“, пијанистката Дуња Иванова и тенорот Исмет Вејсели на осми ноември ќе одржат целовечерен концерт.
На програмата се дела од современите музички автори: Најман, Сакамото, Еинауди, Глас, Бан, Димушевски, Петровски, Сати, Пуланк, Шенберг, Толе, Сина.
Фестивалот организиран од Здружението на албански композитори има цел да ја препознае соработката помеѓу музичарите од Балканот и развојот на современата музика во регионот. На него балканските земји ќе бидат промотори на современата музика преку реализација на пет концерти на кои, покрај македонските претставници, ќе настапат и музички уметници од Италија, Словенија и Албанија.