Под наслов „Од класика до евергрин“ утревечер во Салонот на Националната опера и балет концерт ќе одржи камерниот оркестар „Скопски солисти“. Почетокот е во 20:30 часот кога под диригентство на Иван Еминовиќ ќе настапат: сопранот Наде Талевска – Спасовска и естрадниот уметник Горан Наумовски. Уметнички раководител е Васил Атанасов.
Во отвореното „Топси кафе кино“ на Факултетот за ликовни уметности- Сули ан,
утревечер, исто така, но со почеток во 21 часот ќе биде прикажана комедијата
„Хотел Гагарин“, италјански филм снимен минатата година чиј косценарист и режисер е Симоне Спада. Улогите ги толкуваат: Клаудио Амендола, Лука Арџентеро, Џузепе Батистон и др.
Филмот е номиниран за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер, а има и продуцентска номинација за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари.