Проектниот простор „Прес ту егзит“ информира дека „Стејшн“, центар за современа уметност од Приштина, го објави отворениот повик за учество на летната школа за 2018 година. Заинтересираните студенти и публика во МСУ присуствуваат на презентација на проектот каде што иницијаторот и организатор на проектот Алберт Хета ги претстави проектот на летната школа, годинешната програма и можностите за учество и соработка.
Проектниот простор „Прес ту егзит“, со поддршка на Министерството за култура, овозможува финансирање учество на школата за двајца македонски кандидати. Програмата на школата ќе се одржува во периодот од 16 јули до 2 август 2018 година. Крајниот рок за пријавување е 20 мај, резултатите ќе бидат објавени најдоцна од 30-ти.