Под ѕидините на Стариот град, покрај Јадранско море, викендов се одржа второто интернационално издание на Улцињ Фешн Најтц 2018. Меѓу 11 дизајнери претставник од Македонија беше дизајнерката Ирина Тошева.
-Реакциите на публиката беа одлични, ме радува што и сите потпевнуваа и забавуваа додека траеше ревијата. Звуците на морето при секоја пауза меѓу ревиите беше дополнителна магија- изјави таа.
Со 13 модели, преплет од неколку колекции, умешно комбинирајќи ги и поврзувајќи ги со рачна доработка Тошева создаде нова весела приказна. Меѓу моделите имаше и два изгледи кои се најава за новата колекција есен/зима ‘18/19.