Министерот за Култура, Хисни Исмаили, за време на својата прва официјална посета деновиве во Анкара, оствари средба и со шефот на Турската Агенција за Соработка и Координација, Серкан Кајалар.
На средбата, министерот Исмаили се заблагодари на ТИКА за безрезервната поддршка и големиот придонес во многу дејности и за бројните проекти во корист на граѓаните на Северна Македонија, почнувајќи од културата, образованието, здравството, земјоделството, медиумите, невладините организации и уште други области.
Министерот Хисни Исмаили, исто така, изрази подготвеност за соработка и во иднина, особено во областа на културата, со цел интензивирање на културната соработка помеѓу двете држави.
И Серкан Кајалар, од своја страна, се заблагодари за посетата и изрази подготвеност за поддршка на проектите од Северна Македонија.