Во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“ утревечер во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток во 18 часот ќе биде отворена една необична изложба на фотографии од италијанскиот фотограф Матео де Мајда со наслов „За првпат“ ( La prima volta) посветена на фудбалот.

Минатто лето, фудбалската репрезентација на Македонија за првпат учествуваше на европското фудбалско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Матео де Мајда и новинарот Козимо Бизари ја пропатувале нашата земја, со цел да ги претстават нејзините жители додека се подготвуваат за еден од најголемите спортски настани во својата историја. Утревечер за време на отворањето на изложбата ќе биде презентирана и кратка видео приказна за познатиот македонски фудбалер Горан Пандев.

Отворањето на изчожбата ќе се одвива според сите предвидени прртоколи за ковид-19.
Ми.М.