Изложбата „Трилогија, ликови – луѓе“ на Филип Фидановски ке биде отворена в среда, 27 ноември, во 20 часот, во галерискиот простор на АРТ ХУБ, уметничкиот центар во ГТЦ на 2. кат.
Фидановски е професор во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и актуелен претседател на ДЛУМ. Магистрира на Националната уметничка академија во Софија. Од 1995 до денес учествува на многу групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет, Италија.
Учествува и на голем број уметнички симпозиуми и колонии во Македонија и странство.
Добитник е на следниве награди: 2000 – трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (бронзена плакета), 2007 – награда за скулптура „Јордан Грабул“ на ДЛУМ, 2015 – награда за скулптура мал формат „Димо Тодоровски – ДЛУМ, 2018 – награда „Константин Мазев“ за мал формат од Културно-информативен центар КИЦ – Скопје, 2018 – награда за скулптура на ДЛУМ, Скопје.