Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена и зложба та на фотографии „ Скриени шепоти“ одакадемскиот уметник Мухамедали Алили – Дали
Изложбата содржи 30-тина фотографии од неговото најново творештво. Фотографиите на уметникот успеваат да доловат моменти и да ја исполнат празнината, пишува за творештвото на уметникот, Фахредин Шеху од Приштина.
-Неговите дела се во потполна согласност со природата, како што и уметноста треба да биде. Во овој долг пат на самореализација, односно уметничка зрелост, Алили успева да ја отслик а својата чувствителна уметничка душа, посочува Шеху.
Кумановецот Алили дипломирал на ФЛУ Скопје во 2000 година на отсек графика, во класата на професор Димитар Малиданов. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на награди и признанија во државава и надвор од неа.