Рендгенските снимки на скршени коски на злоупотребени жени се погласни од зборовите. Особено затоа што ретко зборуваат за насилството што го доживеале.
Болницата во Милано по повод Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените изложи рендгенски снимки на жртви на семејно насилство кои побарале помош во болницата.
Изложбата во болницата „Сан Карло Боромео“ е идеја на хирургот Марија Грација Вантадори (59), која сакала да ја прикаже суровата реалност на сè што видела во последните 26 години.
Иако жените пристигнуваат во болницата со исекотини и рани, со изгореници или киселина фрлена на лицето, Вантадори се одлучила за рендгенски снимки, сметајќи дека се помоќни.
– Не сакав крвава изложба, туку да покажам нешто што е точно, реално и што не лажно. Добрата работа во однос на рендгенските снимки е што во основа сме исти. Нашите коски се исти. На секоја снимка може да биде која било жена – рече Вантадори за АФП.
Во Италија лани беа убиени 142 жени, сите жртви на семејно насилство. Бројот на загинати е зголемен за 0,7 проценти во однос на претходната година, покажуваат податоците на Институтот за истражување „Еурес“.