Тематската изложба „Лепени, сечени, монтирани“ од Сергеј Дамовски, ќе биде отворена вечерва од 19.30 ч. во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп. Уметникот ќе се претстави со интересни дела, кои ќе предизвикаат внимание кај посетителите.
Дамовски е дипломиран ликовен педагог со вајарство од ФЛУ Скопје и работи како професор во СУГС „Цветан Димов“ во Скопје. Во изминатите години активно учествува во културното творештво во земјата, преку многу самостојни и групни изложби и колонии во земјава и во странство.
Добитник е на награда за најдобар портрет 2004 – ДЛУМ, награда за вајарство „Јордан Грабул“ 2013…. Од декември 2013 до март 2015 беше претседател на ДЛУМ. Неколку пати беше учесник на ликовната колонија Дрен што ја реализираше ЦК „Марко Цепенков“ во изминатите години.
Ka.M.