Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Тврдината“ на современиот естонски писател Тијт Алексеев. „Тврдината“ е вториот дел од трилогијата за крстоносните војни на естонскиот писател, историчар и дипломат Тијт Алексеев. Романот претставува драматична приказна, набиена со пресвртни настани за освојувањето на Антиохија од страна на крстоносците.
Станува збор за возбудлив роман за важноста на човековите релации, лојалноста, љубовта, за пријателството. Алексеев собирал материјали за романот повеќе од десет години и ги посетил главните места каде што се одвивале борбите. Како резултат на тоа, во романот прецизно е реконструиран средновековниот свет, заедно со неговите вредности и мани.
Преводот на книгата од унгарски јазик е на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.