Национална опера и балет најавува
По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на
официјалниот јутуб канал на Националната опера и балет и на „ТВ 24“ в недела (2 мај), со почеток во 17.45 ч. премиерно ќе биде прикажано возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – „Стабат Матер“.
Изведбата ќе биде под диригентската палка на Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев, а концерт-мајстор Климент Тодороски.
Настапуваат солистите Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист, Оркестарот и Хорот на НОБ.
Хор мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, светло мајстор Милчо Александров, а корепетитор Јанинка Невчева.
Користена е дел од сценографијата од оперската претстава „Тоска“- продукција на Националната опера и балет.
Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од 13-от век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.