Во понеделник, 20 aвгуст со ликовната изложба на уметницата Александра Димитрова од Кочани која ќе биде отворена во 20 часот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ свечено ќе биде отворено најновото издание на ликовната колонија „Кавадарци-Михајлво 2018“.

И оваа година оваа реномирана ликовна колонија која навлегува во третата деценија од своето постоење ќе собере познати имања на полето на ликовната уметност од повеќе земји и тоа: Bелика Британија, Русија, Романија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Македонија.

Колонијата успешно ја организира Домот на културата „Иван Мазов Климе“ со поддршка на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија како и повеќе општествено одговорни компании од градот. Со пригодна свеченост по отворањето на изложбата на Александра Димитрова свеченото отворање на годинашнава колонија ќе се одржи во хотелот „Уни палас 2“ каде специјални музички гости ќе бдат триото „Вики, Деки и Маша“. Годинашнава колонија е посветена на познатиот ликовен уметник од Кавадарци Ристе Соколов – Сокол, еден од основачите на колонијата.

Она што традиционално било белег на кавадаречката колонија освен нејзиниот меѓународен карактер и големиот број на учесници секако се бројните ликовни изложби кои ќе бидат отворени во периодот додека трае колонијата. Втората изложба ќе биде отворена во среда на 22 август во 20 часот во Музеј-гаерија Кавадарци на која ќе бидат изложени дела на ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар. За петок 24 август напладне е пердвидено на градскиот плоштад да се случи несекојдневен ликовен перфоранс на познатиот ликовен уметник од Турција, Орхан Цебраилоглу. Официјалното затворање на колонијата е предвидено за 26 август со изложба на реализираните ликовни дела.

Ми.М.