Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“, во уметничкиот центар АРТ ХАБ, (ГТЦ, на вториот кат).
На неа ќе бидат презентирани дела на младите автори: Александар Зафировски, Бојан Ковски, Владимир Здравески, Ѓорги Динев, Давор Кешќец, Ива Станковски, Кристијан Јованоски, Марко Вујисиќ, Стефан Младеновски, Филип Цакоски, Ана Спасова, Ана Трајковска, Игор Таневски, Виктор Семенпеев и Зуљеха Зибери Али.